| четврток, 6 декември 2018 |

Шведска: Универзитет затворен поради анонимна закана

Универзитетот во градот Оребро во централна Шведска денеска бил затворен поради анонимна закана, која е испратена преку анонимната мобилна апликација „Џодл“, јави шведската телевизија СВТ.

– Доколку утре дојдете тука, тоа може да заврши лошо – гласела пораката испратена вчера до претставници на службата за безбедност на универзитетот „Ерик Нилсен“.

Раководството на Универзитетот сериозно ја зело предвид заканата и заедно со полицијата донело одлука да не одржува настава.

Универзитетот во Оребро е еден од поголемите во Шведска. Во него учат 17 илјади студенти и работат 1.200 професори и соработници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top