| четврток, 6 декември 2018 |

Му дадов на шоферот: сега сите знаат дека се возам бесплатно

Беше прашање на време кога на Фејсбук страна на која жените од регионот си ги споделуваат „маките“ и проблемите со кои секојдневно се соочуваат, делат совети и разменуваат рецепти, а која не ретко се наоѓа во категорија „на дното“ во некои регионални медиуми кои преку критика доаѓаат до кликови, ќе прочитате и приказна од Македонија. (за веродостојноста на овие исповеди нема доказ,ниту пак доказ, ние само ги пренесуваме интегрално нај коментираните во оваа затворена група која е се попопуларна во регионот).

Музеј-на-стари-автобус-на-ЈСП-6

 

 

Се почна неочекувано кога пред три месеци почнав да патувам секој ден од Скопје за Куманово. Живеам во помало место во близина на Скопје во кое запишав средно училиште. Секогаш во исто време влегувам во автобусот. Во 6:30 кога одам претпладне и во 12 и 30 кога одам попладне.

Во  попладневната смена ме вози помлад возач. Тој има 24 години. Тоа го дознав неодамна. Секогаш е љубезен. На почеток постојано ми делеше комплименти.  Почна така што му го дадов ранецот за не ми го влечат другите во автобусот. Тој тоа го предложи.  По некое време се спријателивме. Сега не сака ниту картата да ми ја наплати. Ќе застанам  до него и зборуваме некои триесет минути колку што трае возењето. Се зближивме. Во моето место се зборува  дека сме во врска. Не ми е гајле. Момчето не е многу постаро и немаме се уште ништо.

Се допишуваме преку смс пораки. На мојата мајка жената од дуќан и кажала дека ме видела како се бакнувам со шоферот од автобус. Тоа многу ме повреди. Мајка ми ништо не ми кажа но не сакам кога луѓето озборуваат и прават проблеми кај ги нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top