Од сите клетви најтешки се татковата и мајчината клетва, потоа кумовата клетва, која според народното верување секогаш се исполнува, и која дури и Бог ја одобрува и ја поткрепува.
Се верува дека оној што родителите ќе го проколнат нема да помине добро. Уште повеќе веруваат ако него клетвата не го фати, таа ќе ги стигне неговите деца или внуците, или било кога и било каде од неговите најблиски, макар тоа било и уф дивето колено. Исто така тешка е и прафашке и кумовата клетва. Оној што кумот гол го држел на рацете при крштевањето, тој мора многу да внимава да не го навреди кумот, зашто ако кумот го праклне, „не можат ни три владици да му пуможат.“- Покрај тоа верување кршетеникот мора да го посети кумот на сите поголеми празници и да го моли да му прости, ако со нешто макар и не сакајќи го навредил.
Разни видови на клетви се појавуваат уште во предисториските култури, а денес голем дел од клетвите се присобрани од фолклорните дејци како „народни умотворби“. Клетва според народното верување, иако вербална, претставувала тежок облики на нанесување зло поради омраза, одмазда или некоја друга причина. Најтешки клетви биле крвните: од родителот, братот, сестрата; клетвите од кумот, пријателот кој помагал во неволја, побратимот или луѓето на кои им било нанесено зло исто така се сметале за тешки. Животните и билките исто така можеле да го проколнат човекот, особено ако чинел зло врз нив постојано и со намера.
Жените своите клетви понекогаш ги театрализирале со распетлани кошули, разголени гради, со расплетување или сечење на косата, со клетва која добивала облик на песна, дури и римувана како тажаленка. Но колнењето имало сопствена реперкусија, криво изречената клетва најчесто се враќала, на оној кој колне, но и на неговото потомство. Во народот влаедеело верувањето дека клетвата за дете претставува потешка казна од тепањето.
Кај македонскиот народ е забележано фрлање на камен кон проколнатиот и клетвите поврзани со неговите карактеристики “Кога каменот ќе се врне и тој да се врне” или “Камен да се стори”. Во Малешевијата е познато коленичење, при што разранувањето на колениците (некаде и лактовите) претставува непосредно, крвно врзување со надприродните битија од кои се побарува помош.
Нашите предци практикувале и колективна клетва, најчесто таа имала за цел протерување и одстранување на некоја личност или семејство од заедничкото живеалиште.Ваквиот облик на колнење е карактеристичен за Црна гора, но бил забележан и во другите краишта.
- 99 дена на диета да си, 99 кила да качиш!
- Аир да не видиш.
- Ај да би волците го изеле, на некоја раскрсница.
- Ај да би пците го изеле.
- Ај да би чумане те удрило.
- Ај да остареиш и со стребрени лајци да сркаш.
- Акнал та пукнал.
- Акнало па не викнало.
- Амди Бајрам на децата ти часови по математика да им држи.
- Антерија на грбо да нема.
- Бапки да му излезат на очите.
- Без мене да неможеш да спиеш.
- Бел ден да не видиш.
- Бело Море и Црно да обидиш, па аир и бериќет да не видиш.
- Бивол да те дигне на роговите.
- Бившиот дечко без пудра да те види!
- Брзата помош такси да ти биде.
- Бујцата и чумата да го удрит, та да го откопачит.
- Буниште да го затрупа.
- В казан да вриеш.
- Во исто време да те фати пролив и кивавица.
- Во коли да ве однесат, арно да не видите.
- Вода да те удави.
- Вонземјани од одмор во Охрид да те земат!
- Вратна коска да му излезе.
- Вркач да те вркни.
- Гаките што вчера и ги купи на жена ти утре брат ти да и ги соблече.
- Г’з и гла наедно да се собериш.
- Гуски и орли дапасит со тапан.
- Да би аир видела што ми додеваш толку.
- Да би не треснала што не ме послуша.
- Да би попои на главата му викнале.
- Да би треснал треснатику.
- Да бидеш вечен роб на моето срце.
- Да ви умре најмилото.
- Да даде бог да ти се врзе јазикот, та збор да не зуцнеш, нем да оди довека.
- Да даде Бок на чивутин борчлија да бидеш.
- Да даде Господ, да родиш дете без коски, цел живот како пача низ куќа да го собираш.
- Да даде Господ, децата на мене да ти личат.
- Да дај Господ никогаш да не свршиш.
- Да дај господ цел живот првут да имаш.
- Да добиеш 7-мица на лото и да го изгубиш ливчето.
- Да добиеш 7ца на лото па да го изгубиш ливчето .
- Да добиеш наградно патување 3 месеци со Боки 13.
- Да имаш 3 хектари тутун, а женати на комшијата да му го пуши. (тутунот).
- Да имаш 5 женски деца, па цел живот да работиш за тампони.
- Да ме бараш преку “Sve za ljubav”.
- Да ме сакаш коа јас тебе нема да те сакам.
- Да ми дозволиш да го зеам твојот живот во мои раце.
- Да ми истечат обете очи ако те лажам.
- Да ми пишуваш писма (пораки) на кои вечно ке се смеаам.
- Да ми пукнат обете очи ако те лажам.
- Да му тури син му на огништето вода и да го остави сиромав довека, синот да го отера во пропаст.
- Да му умре козата на комшијата.
- Да ослепам ако лажам.
- Да отидеш во некој хотел кај шо WiFi-то не дофаќа до вецето!
- Да питаш, та да се раниш, сиромаштија, беда, за леб да нема.
- Да пукнеш како смартфон на плочки!
- Да се заљубиш у лажен профил.
- Да се мааш на мостот.
- Да се обесиш насуа врба.
- Да се поевреиш.
- Да се поеѓупчиш.
- Да се превртуваш во гробот.
- Да се скапи, огин да го изгори, се посакува смрт.
- Да се удавиш во расолица.
- Да се удавиш додека те ранат на инфузија.
- Да се удајш.
- Да си вечен зависник од мојата љубов.
- Да сум ти во мислите секогаш.
- Да сум ти потребна како дрога.
- Да те закопат со газот на надвор, лугето велосипедите да си ги паркират во него.
- Да те згази кола на Брза Помош.
- Да те мане гром додека береш коприви.
- Да те фане клечавицата (пролив).
- Да те фати пролив во приградски автобус.
- Да те фати пролив во сред нива полна со коприви.
- Да ти дава секоја,а да не ти се дига на никоја.
- Да ти даде Госпот краста и орлови нокти, та да се драпаш.
- Да ти излезе ељмеџето.
- Да ти паднат ноктите а да имаш шуга и не можеш да се исчешаш.
- Да ти се дупне гумата од колата кога ќе идеш на одмор.
- Да ти се искриви на тилот.
- Да ти се исушат рацете и нозете.
- Да ти се скине кондомот сред се*с.
- Да ти се скини чорапот на раскрсница.
- Да ти се удави детето во расолница.
- Да ти се удави детето во расолница.
- Да ти се удајт швалерот во расолница.
- да ти тресни глаата.
- Даби куршум не те удрил.
- Двете страни на перницата да ти бидат излигавени!
- Девет деца да имаш, едно да ти остане и тоа лијаво.
- Девојка ти во Фотошоп да ти се средува!
- Десет деца да имаш, сите од различни раси и вероисповеди да ти бидат.
- Децата во зегин да ти се хранат.
- Децата во рикверц да ти идат.
- Децата да ти играат џамлии на минско поле.
- Децата да ти играт на струјно коло.
- Децата да ти одат две напред три назад.
- Децата да ти работат на батерии.
- Децата на комшијата да ти личат.
- Децата на мене да ти личет.
- Децата од среќа да ти рипнат у бунаро на комшијата.
- Дечко ти да свршува за 2 минути.
- Дијоптерот да ти се зголеми.
- Жаба да го помоча.
- Жаби да му лазаат по меот.
- Жаби да му лазаат по меот.
- Жан Митрев матичен да ти биде.
- Жена да не видиш.
- Жена ти да роди стоногалка, па цел живот да работиш за чевли.
- Жена ти како дрво цреша да е па сите на неа да се качуваат.
- Жена ти наместо фарба за коса да употреби депил крема.
- За кур да страдаш, од кур да загиниш.
- За твое дете лек да нема, клетва за некој кој одбил да му помогне.
- Заби да ти паднат, само еден да ти остане, и тој да те боли.
- Земја да не ме прими, ако те лажам.
- Јазико да ми ти онемеит.
- Јазико да си покасаш.
- Јаникарата црна да те удри прао по срце и да те искомати парче по парче.
- Камен врз камен, дрво врз дрво, да не му остане, да му се растури куќата.
- Камен да јаде та да се најаде.
- Камење и дрвја да те бијат по глаа.
- ќерка ти да ти биде курва.
- Клучевите да ти паднат на сред геј парада.
- Кој е венчал, тој да не крстиа.
- Кој ме мрази, шлепер да го згази.
- Колко прав на тапан, толко аир да видиш.
- Колку прав на тапан аир да имаш.
- Колку шо су го видела, толку сонце да го виде.
- Кур да те стрефи.
- Лајк да не видиш!
- Латас кравата да ти бира!
- Маж ти да те вара со некој дечко.
- Мајка ти да прдне на родителска.
- Мајка ти да те препознае во гулаш.
- Мајка ти да те препознае на бандера.
- Мајка ти ладен да те бакне.
- Мајка ти на конзерва од паштета да те види.
- Милиони да имаш, и сите за даноци да ги дадеш!
- Молњата и ровјата да те удрат и на два комата да те сторат.
- Молчи да би онемел.
- Мома да не те земе, да е ерген цел живот.
- На жена ти да и купуваш гаќи, а комшијата да и ги соблечува.
- На состанок да прднеш.
- На твојата свадба пролиф да имаш.
- На чивутин борчлија да бидеш.
- Никогаш да не ти стане.
- Никогаш повеке слатко да се насмееш.
- Ноќе да те буди мојот лик.
- Обвинител во банката да ти влезе!
- Обете очи да ти излезат.
- Оваа недеља млада невестица, до недеља млада удовица, догодина моја вереница.
- Оган да те изгори.
- Огин да го запале, вода да го однесе.
- Од вежби аир да не видиш!
- Од комуналец гроб да неможат да ти најдат и твоите од беда у бавчата у дворот да те закопаат.
- Од менстурација да се удавиш.
- Од сите клетви пишани од ниедна да не куртулиш.
- Оргазам да не знаеш што е.
- Орли да те окубат, дамла да те вргнет.
- Орли и врани да те из едат.
- Орли со тапан да пасиш и да не се раниш.
- Орлите и враните и пците да те искинат на некоја раскрсница.
- Орман и бели камење да ватиш.
- Петел в куќа да не ти запее.
- Петел ти пеал на самарот.
- Пипер му во носот, гламна му во г`зот.
- По гол газ да се влечиш.
- Пожарникари дома оро да ти играат.
- Полицајци со креда да те цртаат по асвалтот.
- Прав и пепел да се сториш.
- Приш да те удрит.
- Проклот да бидиш, аир и бериќет да не видиш.
- Риба да го глтне.
- Рисјанин да не сум ако те лажам.
- Ровја да те мавнит.
- Рофјата да го рофјоса, да на дно в земи да го втерат.
- Само на некролог да се смееш.
- Само притисокот и хорестеролот да ти се дигаат.
- Свекрва ти да живее 150 години.
- Сега свадба правиш, догодина умрешка правиш, татко ја проколнал својата ќерка бегалка.
- Силиконот да ти пукне!
- Син ти дома, зет да ти донесе.
- Сите да плачат само попот да ти пее.
- Сите деца во еден гроб да ги стави, се посакува смрт на потомците, една од потешките клетви.
- Сите заби да ти паднат, само еден да ти остане,и тој да те боли!
- Сите пари на свеки да ги дадеш.
- Смртта да те пресретит.
- Со Вeлија Рамковски ортак да станеш!
- Со лажичка од асвалт да те собираат.
- Солзната вечно да ти биде во окото.
- Сонце да не те огрее.
- Среќата на прагот да ти стои.
- Струјомерот дома да ти врти како таксиметарот.
- Сува да ти е цел живот пичката.
- татко да ти биде Ајнштајн и да имаш мајка плавуша и да бидеш убав на татко ти, а паметен на мајка ти.
- Твојата девојка да е како гранд кафе мирисна вкусна и ефтина.
- Ти мене еднаш, тебе Бог сто пати, злото да му се врати.
- Трактор да те исшлајфа.
- Тригодишна треска да го фане, болест и страдање.
- У каленица да збира, та да се ране.
- У чоека леб да јадиш, у тебе ни кучињата да не каснат.
- Фригидна да си, да не ти се навлажни ниту еднаш.
- Хирург да те отвори.
- Цел живот на некој Амин да му велиш.
- Црвен те опсучил.
- Црева да јаде, крв да сере.
- Црнци голи да ти се шетаат по дома.
- Чума да те отепа.
- Чумата да ја удри.
- Чумо, дека одеш, каде шеташ, што не дојдеш да го грабниш.
- Џебовите да ти се полни со пари а да нема со шо да ги извадиш.
- Шваљерката трудна да ти остане.
- Шминките да ти се исушат!
- Штиклата да ти се скршит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







