| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан Грк возел по средина и удрил во автомобил

soobrakajka

Грчки државјанин во алкохолизирана состојба возел по средината на патот Струмица – Банско поради што се судрил со автомобил кој доаѓал од спротивната насока. Побредени се возачот и сопатникот на другиот автомобил.

СВР Струмица поднесе кривична пријава за грчкиот државјанин Ј.Ј.(60) за кривично дело загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Завчера во 18 часот на регионалниот пат Струмица – Банско, на излез од селото Куклиш, пријавениот управувајќи со автомобил „фиат седици“ под дејство на алкохол, се движел по средината на коловозот и предизвикал сообраќајна несреќа при што удрил во автомобил „форд фиеста“, управувано од С.М. од село Свидовица, а од незгодата со телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top