ВМРО е константа. Многумина тргнале против ВМРО во овие 123 години, но попусто. ВМРО и Македонија ги преживеа сите кризи, ултиматуми, уцени, местенки, удари. ВМРО и Македонија преживееја и децении репресија. ВМРО е тука затоа што тоа е желба и избор на нашиот народ. И сечии обид да се погази народната воља, да се скрши ВМРО ќе заврши со неуспех. ВМРО ќе биде таму каде е, се додека работи чесно, напорно и држи до дадениот збор пред народот, порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
– Живееме во демократија. Нормално, еден ден, народот ќе даде шанса на друга партија да ја води државта, а ВМРО ќе отиде во опозиција и пак ќе се бори за Македонија. И пак потоа ќе дојде на власт. И партиите ќе се борат,ќе победуваат и губат, но ќе се борат со мудрост, со идеали, со конкурентни идеи, со разум, со проекти и реформи, со политики и активности за добробит на народот. А не со валкани игри и манипулации. На следните парламентарни избори, денес сите знаат, и младо и старо, и машко и женско, и тие кои не сакаат и подржуваат, и тие кои не мразат или презираат, и тукашни, и дојденци, и надворешни и внатрешни, победник на следните парламентарни избори, со убедлива подршката на мнозинството народ во оваа земја ќе биде ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии