| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Народот ќе покаже дека криминалец и измамник не може да биде премиер

gruevski unija5

Не може криминалец и измамник да дојде на власт за де факто прв човек на државата. Не може! Колку сака нека е богат и нека има пари, колку сака нека го подготвуваат однадвор, како што вели тој во неговите СМС пораки до еден друг лидер на партија, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.

– Не може човек кој цела кариера делел тендери на сите членови на неговата фамилија, барал поткупи од бизнисмени, соработувал со криминалци и фалсификатори, човек кој секој ден ги менува сопствените ставови заради личен интерес, да им биде премиер. Сите криминалци со политички амбиции кои во иднина  ќе помислат дека преку поткупи, измами, монтирани снимки, ставања на земјата и народот во залог, држење под тензија на цела држава, активности со кои се одвраќаат инвеститорите и отворањето на толку посакуваните работни места, ќе се обидат да добијат нешто за себе, ќе добијат клоца од убедливото мнозинство народ во оваа земја и тоа на првите наредни избори преку масовно излегување и гласање, порача Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top