| четврток, 6 декември 2018 |

Народот ќе им покаже на сите политичари дека власт не се освојува со валкани игри и манипулации

gruevski unija10Претседателот на ВМРО ДПМНЕ во својот говор истакна дека на претстојните избори народот ќе испрати порака до сите сегашни и идни политичари, дека со валкана игра и манипулации, не се освојува доверба на народот и не се доаѓа на власт.

– Довербата се освојува со работа и резултати, со искрен пристап, и почит кон сопствената земја и луѓето во неа. Со реформи, со дела, со проекти, со решавање на проблеми на луѓето, со инвестиции и нови работни места, со подршка на земјоделецот, пензионерот, студентот, младиот, невработениот, подршка и на бизнисот и на сиромашните, со нудење на подобра иднина, а не со сплетки и интриги. Мислам дека после тоа, после оваа лекција која ќе дојде на изборите преку општонародното масовно гласање, ќе помине долго, многу долго време, пред на некој политичар да му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град, порача Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top