Атрактивната и згодна пејака Бијонсе е ново заштитно лице на компанијата „Ејџ енд Ем“. Заносната Бијонсе го повикува летото претставувајќи ги новите костими за капење за ова лето.
Кампањата се снимаше на Бахамите, а за фотогрфиите е задолжена фотографската двојка Инез и Винуд.
– Ми се допаѓа целиот концепт на „Ејџ енд Ем“ и како ја гледаат жената низ четирите елементи – вода, воздух, земја и ветер. Снимањето на Бахамите помина одлично. Како да снимаме видеоспорт, а не комерцијална реклама – изјави Бијонсе.
Моделите што ги носи Бијонсе во новата кампања ќе бидат пуштени во продажба во мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
-
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања