Репрезентацијата на Норвешка забележа голема победа над Полска со која направи огромен чекор напред кон полуфиналето, но селекторот Кристијан Берге е свесен дека патот до четирите најдобри воопшто нема да биде лесен, со оглед на фактот дека најпрвин ќе се сретне со Македонија, а потоа и со тоталниот шампион Франција, пренесе Екипа.
-Го користев вашиот меч со Полска за да го анализирам денешниот противник. Не сме навикнати на игра против ривал како Македонија, тоа е селекција што негува поинаков тип на игра, така што ќе мора добро да се подготвиме. Со респект гледам на селекцијата на Македонија и знам дека воопшто нема да ни биде лесно – истакна селекторот Берге.
Ракометарот Ерфенд Мамелунд исто така има респект за нашата репрезентација во пресрет на натпреварот што ќе се игра в понеделник.
-Македонија е силна селекција, знаеме дека ако сакаме да победиме мораме да играме исто како денеска. На ЕП нема лесни натпревари, утре ќе уживаме во одморот, а потоа максимално подготвени ќе влеземе во дуелот со Македонците – изјави Мамелунд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Норвешка бара 90.000 работници: Работите по 8 часа на ден, а платата ќе ви биде 7 000 евра
-
Влезе во историјата: Новрешка е најуспешна нација на ЗОИ, подобра и од Америка