| четврток, 6 декември 2018 |

Совети за подобра ерекција

Некогаш едноставно не сака. Или не не слуша воопшто, или се инати. Малку сака, потоа пак не сака, повеќе е мек отколку тврд. Но, на ерекцијата може и тоа како да влијаете.

rekcija1

Што треба да превземете?

1. Јадете капини. Тие се м ногу моќно оружје за ерекција. Најлесно е да ги консумирате за појадок како мармалад или џем од капини.

Ова овошје содржи антиоксиданси кои го штитат нашето тело од слободни радикали. Крвотокот се забрзува, што е важно за добра ерекција.

2. Престанете да пушите! Го зголемува ризикот од затнати артерии за 50% повеќе што води до проблеми со ерекцијата.

3. Бидете опуштени. Одморот не е важен само за психичкото здравје, туку и за вашиот сексуален живот. Немојте постојано да бидете 100 на саат. Опуштете се.

erecija 3

4. ‘Рчење. Ова е знак за можни проблеми со ерекцијата. Пробајте да спиете помирно и ослободете се од дишните проблеми.

5. Навалете на чоколадо. 45 грама дневно темно чоколадо го подобруваат дотокот на крв во пенисот.

6. Внимавајте на килограмите. Дебелината смета при сексот – го намалува нивото на тестостерон.

7. Вежби за ерекција. Најдобра вежба е стегање на мускулите кои ги користите за контрола на уринирањето. Стискајте ги 18 пати мускулите по 10 минути.

erekicja2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top