„Егзодус“ – копродукциска претстава на Македонија и Полска, т.е. на МНТ и на театарот од Легнице, е една од шесте премиери на Македонскиот народен театар во 2016 година, кои се поддржани во Годишната програма на Министерството за култура.
Се работи за сценски проект за децата бегалци од егејскиот дел на Македонија кои биле протерани во Легнице, Полска, во Граѓанската војна 1946-1949. Режисер е Јацег Гломб, директор на театарот во Легнице.
По постановката на „Електра“ во 2014 година, украинскиот режисер Андриј Жолдак оваа година во МНТ ќе ја режира претставата „Соларис“, негов авторски проект. Бугарскиот режисер Александар Морфов, пак, ќе го режира „Дон Кихот“, неговиот сонародник Галин Стоев – „Тартиф“, Словенецот Томаж Пандур ќе ја режира „Зимска бајка“ од Шекспир, а премиера од големиот англиски драматург („Јулиј Цезар“) ќе постави и нашиот режисер Андреј Цветановски. МНТ оваа година ќе го организира и третиот Меѓународен театарски фестивал „МНТ фест“.
Шест премиери оваа година ќе има и Драмски театар-Скопје, од кои една е од гостински режисер – Лилија Абаџиева од Бугарија, која ќе го режира „Франкештајн“ по мотиви на Мери Шели. Во ДТС годинава повторно ќе биде поставена култната претстава „Буре барут“ на Дејан Дуковски во режија на Сашо Миленковски. Наташа Поплавска ќе го режира „Венецијанскиот трговец“ на Шекспир, Љубиша Георгиевски – „Кристофор Колумбо“, Димче Николовски – „Снежана и седумте џуџиња“, а Дејан Пројковски ќе го постави „Сирано де Бержерак“.
Во Театар Комедија ќе режираат Дино Мустафиќ – „Случки“ на Данил Хармс, Тјаша Чрнигој со „Трудна приказна“, Александра Кардалевска ќе ја режира претставата „Дон Жуан во Соко“, а и годинава во општина Аеродром „Комедија“ ќе го организира фестивалот „Гола месечина“.
Театарот за деца и младинци во 2016 ќе има премиера на „Пепелашка“ во режија на Деан Дамјановски, „Пинокио и Црвенкапа во потрага по Аладиновата ламба“ во режија на Хана Миленковска, режисерот од Бугарија Боњо Лунгов, кој е долгогодишен соработник на ТДМ, оваа година ќе режира мјузикл за тинејџери „Училница 304“, а Игор Ивковиќ ќе ја постави „Мачорот во чизми“.
Четири премиери ќе има Албанскиот театар-Скопје: „Бегство“ на Рефет Абази во режија на Ќендрим Ријани, „Плавото куче“ на режисерот Али Волкан Четинкаја, „Сите мои синови“ на Артур Милер во режија на Димитар Еленов и „Љубовникот“ од Харлод Пинтер во режија на Бесфорт Идризи.
Три премиери ќе подготви Турскиот театар-Скопје, од кои две се дела од Шекспир: „Комедија на забуни“ во режија на Коле Ангеловски и „Отело“ која ќе ја режира Дејан Пројковски. Третата премиера на овој театар е „Пеги Пикит го гледа Божјото лице“ во режија на Ивана Ангеловска.
Во Битолскиот театар ќе режираат тројца режисери од странство: Диего де Бреа од Словенија со „Разбојници“ од Шилер, Александар Баргман од Русија со авторскиот проект „Другари“ и Андраш Урбан од Суботица, Србија, со „Доктор Фауст“ од Кристофер Марлоу. Во Битолски ќе режира и Љупчо Ѓорѓиевски – „Кралски игри“ од Григориј Горин, а театарот и годинава ќе биде домаќин на Меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“.
Театарот „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“ во Велес ќе има четири премиери: „Ана Комнена“ од Сашо Димовски во режија на Васил Зафирчев, „Бели ноќи“ од Достоевски во режија на Ѕвезда Ангеловска. Александар Ивановски ќе ја режира претставата „Добра надеж“, а Софија Ристевска ќе ја постави „Старицата од Калкута“.
Тетовскиот театар ќе го организира Меѓународниот театарски фестивал и премиерите: „Поручникот од Иншимор“ во режија на Ќендрим Ријани, „Човек, ѕвер и доблест“ од Пирандело во режија на Куштрим Бектеши, „Ноќ на боговите“ на режисееот „Музафер Етеми, „Павилјон бр. 6“ од Чехов во режија на Ѓорѓи Ризески и претставата „Леонс и Лена“ од Бихнер која ќе ја режира Драгана Таневска.
Во Прилепскиот театар ќе режираат Кристина Димитрова („Обѕрни се во гневот“ од Џин Обзорн), Наташа Поплавска („Фигурае Венерис Хисториае“ од Горан Стефановски), Кирил Петрески („Хамлет во село Долна Мрдуша“ од Иво Брешан) и Југослав Кочоски („Во сенката на ветрот“ од Пол Емон).
Народниот театар Струмица ќе има четири премиери: куклената претстава „Светлосиното куче Петар“ на Колоди во режија на Дарко Ковачевски, „Мурлин Мурло“ на Кољада во режија на Ана Батева, „Џон Габриел Боркман“ на Ибзен во режија на Горан Тренчовски и „Вртелешка“ на Шницлер во режија на Драгана Таневска.
„Лазаревото писмо“ од Живко Чинго во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, „Суд“ од Коле Чашуле во режија на Дамјан Читкушев и „Кралот на Бетајнова“ од Цанкар во режија на Миха Голоб ќе бидат поставени на сцената во Штип.
Во Кумановскиот театар ќе режираат: Коле Ангеловски (Бегај, еве ја жена ти 2), Андреј Цветановски („Ревизор“ од Гогољ), Илирјан Химај („Учење“ од Јонеско) и Бен Аполони („Вообразен болен“ од Молиер), а ќе се организира и фестивалот „Денови на комедијата“.
Три премиери ќе има и Охридскиот театар: „Годподинот благородник“ на Молиер во режија на Дејана Николовска, „Дениција“ од Петре М. Андреевски во режија на Константин Плевнеш и „Парламентарки“ од Аристофан во режија на Ненад Витанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст