| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Хрватска – Колинда оди во затвор

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и министерот за одбрана Анте Котромановиќ се во конфликт на интересите, соопштила Комисијата за одлучување за конфликтите на интересите која вели дека против нив е покрената постапка.

„Санадерка“ ќе се заврши со апсење и кривично гонење, шпекулираат тамошните медиуми, пренесува „Танјуг“.

Комисијата соопшти дека Грабар Китаровиќ е во конфликт на интреси бидејќи за време на изборите во ноември од државата добила 1.167.573 куни како надомест за пропаганда, а таа , како што наведува, парите ги дала на Хрватската Демократска Заедница за да избегне плаќање на данок од 40%.

Во образложението се наведува дека претседателката се однесувала како член на партија и дека е спорно тоа што се откажала од парите, но одлучила во кои хуманитарни цели тие пари ќе одат.

Министерот Анте Котромановиќ е во конфликт на интереси поради случајот каде заедно со своето семејство со приватен авион на фирмата „Beechcraft“ отпатувал на Лошињ. Министерството тогаш објасни дека министерот бил на приватно патување и дека не користел средства од државниот буџет.

Пресметано е дека летот на министерот во Лошињ и назад чинел повеќе од 29.000 куни, а законот за спречување на конфилкт на интереси официјално забрани примање на подароци во вредност поголема од 500 куни.

Иво Санадер, некогашниот прв човек на ХДЗ и поранешен премиер на Хрватска, поради слични финансиски манипулации кривично се гонеше во Хрватска, а неговото апсење претставуваше голем скандал во целиот регион.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top