| четврток, 6 декември 2018 |

Србија обвинува: Голот на Манасков е нерегуларен

Заедницата на судии и контролори на Ракометната федерација на Србија обвинува дека последниот и изедначувачки гол на Македонија во наптпреварот против Србија е нерегуларен и дека нивната екипа е драстично оштетена на Европското првенство во Полска.

Македонија во последната сеунда од натрепварот дојде до реми (27:27) со голот на Дејан Манасков, што ни донесе пласман во вториот круг благодарејќи на гол-разликата, а Србија испадна од првенството.

– Како најдрастичен пример кој директно влијаеше на исходот од натпреварот кога противничката екипа постигна апсолутно нерегуларен погодок (објаснување на ситуацијата: крилниот играч кој подоцна постигнува гол, прво прави престап пред изведување на почетното фрлање каде се стекнува недозволива предност, потоа истиот тој крилен играч недозволиво го користи просторот надвор од теренот протрчувајќи низ аутот и повторно стекнува недозволена предност, за на крајот истиот играч да фати залет надвор од теренот со што се стекнува со недозволива предност која драстично влијаеше на постигнувањето на погодокот – стои во објаснувањето на Заедницата на судии и контролори при РФ Србија.

Видеото од голот погледнете го тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top