Гашпаровиќ, кој е истакнат славист и драматург, при посетата на Институтот за македонска литература го подари неговото дело објавено на македонски јазик „Писмото низ вековите“…
Македонско-хрватски книжевни и духовни врски, кои имаат заедничка традиција преку билатералните научни конференции, ќе продолжат интензивно да се развиваат, изјави директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ на денешната средба во Скопје со проф. д-р Дарко Гашпаровиќ, кој е годинешен добитник на светската награда за хуманизам што ја доделува Охридската академија на хуманизмот.
Честитајќи му го големото признание, директорката Јакимовска-Тошиќ го изрази своето задоволство што овој настан е во рамките на интернационалното одбележување на 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа и афирматорот на словенската цивилизација, култура и писменост во Македонија.
Гашпаровиќ, кој е истакнат славист и драматург, при посетата на оваа научна институција го подари неговото дело објавено на македонски јазик „Писмото низ вековите“ кое ја лоцира Охридската книжевна школа како еден од главните центри на европската културна цивилизација. Инаку, билатералните научни конференции меѓу двете земји се одржуваат на секои три години, во Скопје и Риека. Следната конференција ќе се одржи во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


