Најниска температура во Македонија, минус 13 степени, изутрина во седум часот е измерена во Берово, по што следат Крива Паланка со минус 11 степени и Маврово со минус десет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Лазарополе и во Крушево се регистрирани минус осум степени, минус седум во Дебар, минус шест во Струмица, Претор и Штип, минус 5 во Куманово и Виница, минус 4 во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Охрид, минус два во Демир Капија, минус еден во Кавадарци и Дојран, а нула во Гевгелија.
Снежна покривка со висина од 33 сантиметри има во Маврово, 27 во лазарополе, 25 во Берово, 17 во Пожаране и Крушево…
Времето денеска ќе биде претежно сончево, претпладне во западните делови променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер, со максимална темпетарура до 0 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на претежно стабилно и студено време со ниска утринска температура. Најстудено ќе биде утре наутро, кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -12 степени. Од средина на неделата ќе има извесно затоплување, соопшти УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст