Најмалку 20 лица, меѓу кои жени и деца се убиени во напади на припадници на исламстичката група Шебаб во популарен ресторан покрај морето во Могадишу, главниот град на Сомалија.
Според полицијата, нешто пред зори, безбедносните сили успеале да преземат контрола над ресторанот. Додека сомалиските специјални сили ги пребарувале просториите на ресторанот се слушнале експлозии и покотници. Полицијаат спасила многу заробени во холот на ресторанот каде синоќа за време на нападот имало прослава. Сведоците истакнуваат дека напаѓачите извикувале „Алах екбар“ и дека потоа влетале во ресторанот.
Пукале во луѓето кои седеле во близина на плажата пред да влезат внатре во објектот.
Одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката група Шабаб. Според првичните информации во нападот учествувале пет лица. Според полицијата четворица од нив се убиени, а петтиот е уапсен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст