Во експлозија во Египет, во близина на пирамидите во Гиза, загинаа три лица, објави „Ројтерс“.
Телевизијата „Ал Арабија” пак објави за шестмина убиени и седумнаесет повредени, а според државниот весник „Ахрам” има двајца загинати полицајци и дванаесет повредени.
Двајца од повредените се во критична состојба. Бомбата експлодирала кога тие пристигнале во зградата каде што се сметало дека има вооружени екстремисти. Експлозијата била во соседството „Харам” на предградието Гиза, што е дел од метропола Каиро. Местото се наоѓа на десетина километри од најпознатите пирамиди во Гиза.
Областа е често посетувана од туристички групи. Неодамна исламистите од Синајскиот Полуостров, се заколнаа на верност на „Исламската држава” и често ги напаѓаа силите за безбедност на Каиро и мирните Египќани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст