| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: СДСМ сакаше избори, сега се плаши од нив

Владимир Пешевски, вицепремиер во Владата на Република Македонија изјави дека овие избори не се желба на ВМРО-ДПМНЕ, туку се резултат на големата политичка криза која ја предизвика СДСМ.

-Нивната желба за избори, сега се претвори во страв од истите. Ние и тогаш и во текот на целата година зборевме дека ВМРО-ДПМНЕ треба да си го доврши почнатото, ние сакаме да се реализираат сите оние проекти кои што сме ги ветиле. И исто како во минатото секогаш кога сме дале ветување, исполнуваме над 90 отсто од тоа што е ветено и исполнуваме дополнителни 40-50 отсто работи кои не се ветени, а сме ги реализирале во интерес на граѓаните – рече Пешевски.

– СДСМ инсистираше на избори, еве ги изборите а она што го гледаме сега – вели Пешевски. Според него, СДСМ бега од соочување со реалноста бидејќи и покрај сета негативна енергија која ја создадоа, сепак поддршката на народот е со ВМРО-ДПМНЕ.

Караванот за собирање идеи од кампањата „На Македонија и треба твојата идеја” денеска има трибина во општина Петровец.

– Јас на сите претходни трибини кажувам, а и вечерва ќе подвлечам, рече Пешевски, дека ние не даваме празни верувања.

-Давам ветување дека секој идеја која ќе биде предложена ќе биде запишана и внимателно анализирана и доколку постои можност ќе биде вклучена во програмата. А моментот кога ние ќе дадеме верување, тоа е моментот кога ќе биде отпечатена програмата и она што ќе биде ставено во програмата ќе биде нашето верување како политичка партија, дека тоа е она што ние се обврзуваме да го направиме доколку ја добиеме довербата од граѓаните. А сигурни сме дека ќе ја добиеме, порача Пешевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top