Со поддршка на Министерството за култура, НУ Музеј Куманово ќе реализира бројни активности за интензивна промоција на локалитетот Кокино.
Како што најавија надлежните од Музејот, освен за продложување на археолошките истражувања, одобрени се и средства за реализација на две изложби посветени на Кокино. Едната ќе биде поставена во Археолошкиот Музеј во Скопје, а втората амбиентално во кумановскиот музеј.
Посетителите ќе имаат можност да ги видат аретефактите пронајдени на древниот локалитет кој датира од бронзеното време.
– Во јуни ќе се одржи меѓународен археолошко-астрономски научен симпозиум во Археолошкиот музеј во Скопје на тема Кокино –Тврдина на Сонцето на кој ќе присуствуваат еминенти претставници од археологијата и астрономијата, по што, на локалитетот е предвидено одржување манифестација со изведување ритуали и музчка програма токму на денот кога Сонцето изгрева на означениот маркер, изјави директорот на Музеј Куманово Анита Цветановска.
Бројни проекти со поддршка од Министерството за култура, но и самостојни ќе реализира годинава НУ Музеј Куманово од областа на археологијата, етнологијата, конзервацијата, ликовната уметност. Музејот годинава ќе учествува и во меѓународни проекти.
Од областа на археологијата, Министерството ќе издвои средства за продолжување на археолошките истражувања на локалитетите Црквиште во Клечовце и Костоперска карпа во Младо Нагоричане.
– Археолози од Единбург и Оксфорд, заедно со нашите архелози во март ќе вршат истражувања на микрорегионот околу Костопреска карпа,по што во октомври,ќе се изврши презентацијата и промоцијата на локалитетот во Саутемптон, рече Цветановска.
Музејот ќе го истражува творештвото на зографот Петар Николов, ќе продолжи втората фаза на конзервација на иконите во црквата Свети Никола, а добиени се и средства за конзервација на артефактите пронајдени на локалитетот Кокино. Музејот веќе почнал со подготовките за комплетна реконструкција на спомен куќата на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош, а ќе се спроведе и истражувачка дејност за Првата седница на Президиумот на АСНОМ во селото Рамно.
Дел од проектите ќе биде и ликовната колонија Куманово. На покана на амбасадорот на Македонија во Франција, кумановскиот музеј во Пазриз ќе презентира избор на дела од 40-те одржани ликовни колонии. И годинава ќе се реализираат бројни самостојни и групи изложби на ликовните уметници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст