Верувале или не, овие погрешни чекори по завршувањето на љубовниот чин можат да ја згаснат страста во спалната соба, па затоа – избегнувајте ги!
Се вртите на другата страна и потонувате во сон
Точно е дека против спиењето човек е речиси немоќен, но да заспиете неколку минути откако сте завршиле е чиста офанзива за партнерот. Да не зборуваме дека кај некои се јавува уште додека не завршиле.
Веднаш станувате од кревет и брзате кон бањата
Што – да не сте се извалкале со нешто што смрди? Не правете го тоа, барем не веднаш штом завршите со галење. Што би помислил партнер, како би се почувствувал, ако види како инстант сакате да го измиете неговото присуство на вашата кожа?
Брзањето кон тушот е една од најголемите грешки после секс, која може да го натера партнерот да се откаже од сексот со вас.
Ѝ се јавувате на најдобрата пријателка
Да не сакате да ѝ раскажете за искуството? Ако имате намера да го направите ова, подобро не се враќате назад кон дечкото, бидејќи најверојатно ќе го видите грбот.
Дали ќе бидете среќни ако видите како тој го фаќа телефонот и ѕвони на сите свои пријатели да се пофали и да раскаже сочни детали? Не, се разбира! На никого не би му било пријатно.
Се зафаќате со некоја работа
Ако правите така, веројатно ќе изгледа како да сте со човекот само поради сексот. Кога ќе завршите со него се фаќато за вашите работи. Оваа реакција зборува дека човекот со кого сте, е само една играчка за вас и дека не му придавате особено значење.
Признајте си дека е така. Ако беше поинаку, веројатно немаше да реагирате на овој начин.
Одите да спиете на каучот
Некои луѓе не сфаќаат колку страшно и погубно е тоа за нивната врска. Замислете – секс во спалната соба или на некое друго место во станот. Потоа на партнерот му се сака да се милува некое време или само да заспиете еден до друг.
На, вас не ви се прави ниту едното од двете, затоа одите во дневната соба да погледате телевизија. Погодете како се чувствува партнерот по оваа груба грешка, која си игра со неговите чувства!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.