| четврток, 6 декември 2018 |

Претепале баба за 500 денари

Вчера во 16.00 часот во ПС-Прилеп, Ц.Т. (66) од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 15.00 часот четири непознати лица извршиле разбојништво врз неа.

Сторителите насилно ја извадиле заштитната метална мрежа, го скршиле стаклото од прозорецот и влегле во собата во која спиела Ц.Т. и со закана со нож и побарале пари.Бидеќи не сакала да им даде пари  ја удирале со тупаници и стап по целото тело, заканувајќи и се дека ќе ја заколат. После тоа таа им дала 500 денари, а едно од лицата и го зело мобилниот телефон, а потоа преку скршениот прозорец излегле и заминале во непознат правец.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top