| четврток, 6 декември 2018 |

Станиќ на првиот тренинг за ЕП се појавил со две леви патики

Српскиот голман Славиша Ѓукановиќ вели дека не е предавник како што многумина го третираат. Смета дека не бил испочитуван од селекторот во согласност со договореното и додава дека со неговото заминување им помогнал на Србите да бидат уште помотивирани против Македонија.

Djukanovic-Saint-Raphaël1

–Услов за моето учество на ЕП во Полска беше да се знае кој како ќе се однесува, а Дарко Станиќ сам решаваше кога ќе тренира, кога ќе брани и кога ќе го напушти теренот. Имаше неверојатна слобода. На првиот тренинг дојде со две леви патики, а потоа јас му позајмив опрема за да продолжи со тренинзи. Не доаѓаше на утринските тренинзи, на првиот пријателски натпревар против Унгарија бранеше 60 минути што беше во ред бидејќи му требаше минутажа пред ЕП. Но, кога следниот ден тргнавме кон Кечкемет, тој не се појави, а никој во репрезентацијата не знаеше каде е – вели Ѓуканович.

Тој открива дека Станиќ не тренирал и пред натпреварот со Франција, а за време на вечерата само тој користел мобилен телефон.

– Откако му кажав на селекторот дека јавно кажав дека ја напуштам репрезентацијата, тој објави дека со пет-шест играчи имал договор за Станиќ. Но, никој не сакаше да ми каже за каков договор станува збор, бидејќи јас како колега голман имав право да знам. Капитенот Никчевиќ дрско ми одговори „кој си ти тебе да ти кажувам“. Паднаа и тешки зборови меѓу мене и него, но немаше физичка пресметка – вели голманот на српската репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top