| четврток, 6 декември 2018 |

Не возете кон зградата на владата денеска

Денеска со почеток во 11 часот пред зградата на Владата на Република Македонија мирни протести ќе одржат Националното здружение на автошколи, возачи и инструктори „Обука Л“ и поранешните вработени во „Алумина“.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичка регулација на сообраќајот, а во зависност од состојбите и пренасочување на сообраќајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top