| четврток, 6 декември 2018 |

Откриено љубовното гнездо на Цеца и нејзиното момче

Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниото момче Александар Јововиќ тајно се состануваат во неговиот стан на Звездара. Откако ја заведе пејачката, манекенот ги избркал станарите на кои им го изнајмувал станот за да може во него да ги поминува ноќите со Цеца, дознава српски Курир.

ceca-raznatovic-aleksandar-jovovic-stan-zvezdara-tajno-skroviste-foto-stefa-1453148498-826809-33720

Неговите репортери вчера го посетиле крајот каде се состануваат гулапчињата. Очекувано на интерфонот никој не се јавил, но од еден пријател на манекенот, кој е упатен во неговиот однос со фолкерката, тие дознале детали за нивната врска.

-Александар тој стан го доби на подарок од тетката. Таа полуде кога и рече дека го откажал изнајмувањето на станот. Колку и да се противела, манекенот си терал по свое. Инсистирал да престојува во тој стан зошто тука соседите не го познавале со оглед на тоа што таму одел само по кирија. Иако во вилата на Цеца тој е добро прифатен дури и од страна на нејзините деца Вељко и Анастасија, понекогаш и на двајцата им е потребна изолација за да уживаат сами во љубовта. Тој стан е идеален за тоа, вели изворот.

Стравуваат од папараци

Откако се дозна за нивната врска, двајцата се многу внимателни зошто се плашат дека папараците им се зад петиците.

-Бидејќи станот на Јововиќ е недалеку од центарот на Белград, внимаваат како и во кое време ќе се видат. Пејачката во почетокот толку не внимаваше кога го посетува, но откако магазинот „Стори“ ја разоткри нивната врска, сега се плаши и од својата сенка. Двајцата се свесни дека врската не можеле да ја кријат вечно, но вниманието на медиумите не им годи. Затоа сега внимаваат на секој чекор. Не сакаат да се откажат од врската иако неговото семејство не е воодушевено од изборот, бидејќи Цеца е постара 16 години од Александар, заклучува изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top