| четврток, 6 декември 2018 |

Како успешно да го спречите создавањето на брчки?

Здравиот живот кој подразбира доволно сон и најмалку 1.5 литри вода дневно е првата линија на одбрана од брчките, според написот во германски часопис.

brcki

Пушењето и ултравиолетовото светло можат да ја оштетат еластичноста на кожата, а здравата храна со многу овошје и зеленчук исто така може да помогне во контролирање на брчките.

Правилната нега на кожата на лицето е исто така важна за таа да изгледа младо. Со користење на алое вера, кожата станува мека.

Природните масла како арганово, бадемово и јојоба исто така обезбедуваат дополнителна влажност. Ако тоа не биде доволно, можете да посегнете по хијалуронска киселина, која помага кожата да ја задржи влажноста, и во некои случаи може да се аплицира со инјекции.

Кремите против стареење не се особено ефикасни, истакнуваат од списанието, кои тестирале девет такви производи на 270 жени во тек на четири недели, наутро и навечер, на само една страна од нивното лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top