| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се градат три нови читални за младите во Струмица, Аеродром и Велес

читални

Нови читални ќе се градат во Струмица, Аеродром и Велес.

Ова е еден од петте проекти наменети за млади луѓе кои денес ги најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Проектот ќе го спроведува Министерството за образование и наука кое ќе обезбеди работа на читалните секој ден во неделата. Читалните ќе бидат со капацитет од 100-150 места и ќе има 10 компјутери на располагање за читателите.

Читалната во Струмица, рече Груевски, е навистина потребна бидејќи во овој град има 670 редовни и 1200 вонредни студенти. Предвидено е читалната да биде лоцирана во Центарот за култура.

Општина Аеродром е избрана како општина со голем број на млада популација, а во Велес има над 600 студенти и дисперзирани студии.

Овој проект ќе се реализира во јануари 2017-та година, а до тогаш ќе течат подготвителните активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top