| четврток, 6 декември 2018 |

Данска: Бегалците во земјата носат заразни болести

Властите во Данска ги предупредија болниците за можната појава на епидемија на заразни болести, откако претходно беа регистрирани повеќе случаи на дифтерија, туберколоза и маларија кај дела од бегалците, пренесува „Раша тудеј“.

– Инфекцијата може да биде мошне опасна доколку не сте вакцинирани. Опасниот тип е мошне редок и последен пат во Данска бил забележан во 1998-мата – вели Курт Фуурстед, портпарол на Данскиот државен институт за имунизација.

Оваа изјава на Фуурстед се однесува на неодамнешното враќање на дифтеријата, која за последн пат во Данска била регистрирана пред 20 години.

– Нема сомнеж дека заразните блести доаѓаат заедно со бегалците. Имавме дискусии за тоа дали бегалците што пристигнуваат во Данска треба да бидат тестирани – додава тој.

Во моментов за разлика од некои други земја Данска не ги следи препораките на Светската здравствена организација за вакцинација на мигрантите.

Бегалците, барателите на азил и мигрантите треба да бидат вакцинирани без дополнително одлагање според програмата за имунизација на земјата во која имаат намера да се задржат подолго од една недела, се вели во правилникот на СЗО, кој се однесува на општите принципи за имунизацијата на бегалците.

Во 2015-тата околу 18.000 бегалци побарале азил во Данска, што е многу помалку во однос на бројот на бегалци што побарале азил во соседна Шведска. Во Шведска минатата година азил побарале 163.000 бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top