| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повредено седумгодишно девојче во сообраќајка

Во кумановското с.Матејче, поточно на регионалниот пат с. Липково-Скопје, вчера околу 13.40 часот се случила сообраќајна незгода во која Е.С. (23) од село Матејче, управувајќи со „голф“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во паркирано возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, а потоа во седумгодишно девојче од с.Матејче.

Во незгодата девојчето се здобило со тешки телесни повреди во пределот на главата, кое по укажаната лекарска помош во кумановската болница како итен случај е префрлена во Ургентниот центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Куманово.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top