| четврток, 6 декември 2018 |

Се менува рамнотежата во воената моќ

Рамнотежата на воената моќ во азиско­-пацифичкиот регион се менува на штета на САД, имајќи предвид дека Кина и Северна Кореја го оспоруваат кредибилитетот на американските безбедносни обврски и дека Пентагон се соочува со ограничувања во трошоците, се наведува во извештајот на Центарот за стратешки и меѓународни студии.

kineska vojska

Експертите од тој центар го составиле извештајот за потребите на американското Министерство за одбрана, пренесува Танјуг.

Тие изразиле загриженост дека „ребалансот“ на американските интереси на претседателот Барак Обама кон Азија нема да биде доволен за тие интереси да се обезбедат во регионот. ­

– Поради акциите на Кина и Северна Кореја кои рутински го оспоруваат кредибилитетот на американските безбедносни обврски и актуелното ниво на развој на капацитетите на САД, рамнотежата во регионот се менува на штета на САД, се наведува во студијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top