Амбасадите на Сојузна Република Германија и на Република Франција ќе ја одбележат 53-тата годишнина од потпишувањето на Елисејскиот договор со прикажувањето на француско-германскиоT филм „Дипломатија“ (2014), на режисерот Фолкер Шлендорф, в четврток, 21 јануари 2016 год. во Кинотеката на Македонија, со почеток во 18 часот.
Официјалните говори на Н.Е. д-р Кристине Алтхаузер, Амбасадорка на Германија, и на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција, ќе го отворат настанот, по што следуваат коктел и проекција на филмот.
Филмот е добитник на наградата „Цезар 2015“ за најдобра филмска адаптација, а главниот актер Нилс Арестрип беше номиниран за „Цезар 2015“ за надобра машка улога.
Реномираниот француски дневен весник „Ла Кроа“ за филмот ќе напише дека е „во извонредна режија на Фолкер Шлендорф, големиот вљубеник во моќниот Париз, кој успева да воспостави совршена рамнотежа помеѓу двата конфронтирани лика, прикажувајќи ги детално и нијансирано сите фази на една спротиставеност“.
Неделникот „Пари-Мач“, пак, ќе го оквалифукува како „вешта алегорија на една спротиставеност низ два сосем различни концепти за светот и должноста“, а „Теле 7 Жур“ ќе напише „Едноставно вобудлив“.
Филмот е со превод на македонски и англиски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст