Колку посесивноста и љубомората може да излезат од контрола се докажува токму преку оваа интимна исповед на маж, кој ја трпи оваа бруталност секојдневно.
На социјалните мрежи деновиве се појави приказна на анонимен маж, кој признал дека неговата сопруга поради разните службени патувања, го заклучувала неговиот пенис со катанец, односно го терала да носи машки појас на невиност.
„Бидејќи мојата сопруга постојано патува и е параноична, мисли дека ќе ја изневерам штом стапне надвор од вратата. Би сакал да и предложам брачна терапија, но знам дека нема да прифати, оправдувајќи се дека тоа би довело до развод на бракот. Ме тера да носам појас на невиност со изговор дека на тој начин ќе останам плоден, иако веќе имаме две деца. Не можам да ја поднесам оваа одвратна работа! Не само што е непријатна за носење, но и морам да седам на веце шолјата кога сакам да одам по мала нужда. Свесен сум дека тука нема да добијам добар совет, но имав потреба да го споделам искуството“, напишал анонимниот маж.
Тој исто така тврди дека никогаш не ја изневерил сопругата, ниту пак е зависник од порнографија, а како доказ за проблемот со кој се соочува секојдневно, може да ја погледнете неговата фотографија нецензурирано ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.