Четиринаесетата гастрономска манифестација „Пивтијада“ во организација на Мултимедијалниот центар „Карпино“, а со финансиска поддршка од градоначалникот и Советот на Општина Куманово, ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот во ресторанот „Грација“ во населба Карпош.
На манифестацијата се пријавени околу 15 учеснички кои ќе се борат да ја направат најубавата пивтија, а они кои не се пријавиле можат истото да го сторат и утре половина час пред почетокот на самата манифестација.
Најдобрите учеснички кои ќе ги избере жири комисијата ќе се закитат со златен, сребрен и бронзен медал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.