Германскиот министер за сообраќај Александер Добринт ја повика канцеларката Ангела меркел да се подготви за затворање на германските граници за да се запре приливот на азиланти, воедно истакнувајќи дека Берлин ќе мора сам да дејствува ако не се постигне поширок европски договор за бегалците.
Добринт истакна дека Германија веќе не може на светот да го „покажува пријателското лице“, фраза, која ја употреби Меркел кога бегалците минатото лето почнаа во голем број да пристигнуваат во Германија, пренесува Танјуг. Тој за весникот „Минхен Меркур“ изјави дека Германија мора сама да дејствува ако наскоро не се намали бројот на бегалци. Сите нам би ни советувал да се подготвиме за План Б, изјави Добринт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти