| четврток, 6 декември 2018 |

Утре најстудениот ден оваа зима со температури до минус 18

Утрешниот празник Богојавление ќе биде најстудениот ден оваа зима.

10

Метеоролозите најавуваат дека ноќеска температурата во некои делови од земјава ќе падне и до 18 степени под нулата, а дневната ќе достигне до 2  степени. Најстудено ќе биде во Берово и Маврово, а во Скопје живата на термометарот ќе се спушти до – 10 степени.

Надлежните апелираат на задолжително носење на зимска опрема во автомобилите, внимателно возење со прилагодена брзина спрема условите на патот, почитување на сообраќајната сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top