По веста дека владеачката партија одлучила да има избори на 24 април 2016 година и по оставката на Груевски во Собранието комесарот Јоханес Хан одлучи да реагира преку соопштение.
– Ја слушнав одлуката донесена денес за предвремени избори на 24 април како што е договорено во Пржино. Како што реков, повеќе би сакал консензуална одлука на сите партии. Сега е од круцијална важност сите политички и институционални актери во земјата да сторат се што можат за да се обезбедат фер избори според демократски стандарди. За да се направи ова, итно е да забрза подготвителната работа особено околу изборниот список. И покрај неуспехот да се најде заеднички договор за денот на изборите, очекувам сите политички партии конструктивно да соработуваат и да се држат до нивните ветувања во рамките на договорот од јуни и јули вклучително и реформските приоритети”, вели Хан преку сооопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.