
Овој парламент во овој момент е исправен пред одлуката за распуштање на законодавниот дом на македонската држава, истакна пратеникот Влатко Ѓорчев.
Тој додаде дека ова е потребно да се направи, бидејќи како што рече, созреани се условите за тоа.
-Ова треба да се направи бидејќи е волја и мислење на огромното мнозинство на граѓани на Македонија. Ова Собрание треба да се распушти затоа што убедливото и огромното мнозинство на пратеници во Собранието преку своите потписи го побараа тоа. Тоа барање е благодарение на тоа што треба да заврши агонијата, да заврши кризата. Кризата не може и не треба да биде трајна состојба. Политичата криза може да трае месец, два, три или пет, но таа никако не треба да биде трајна состојба која ќе трае една година, две години. Свесни сме, чувствуваме и констатираме дека има една политичка партија СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев кој со сите сили се обидува да ја одржи состојбата на трајна политичка криза. Тоа не е добро за државата, за граѓаните, за вкупните состојби, за економијата. Од ие причини овој парламент треба да гласа за свое распуштање, да се подвлече линијата, да се излезе на избори да се провери легитимитетот, да се довери истиот и потоа ова собрание да носи одлуки, истакна Ѓорчев кој ја образожи предлог одлуката за распуштање на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Влатко Ѓорчев: Ова е почеток на борбата за Македонија, утре во 18 часот пред Кривичниот суд
-
Ѓорчев во Виена: Средби со високи претставници од Австрија и САД
-
Ѓорчев: Вчера ни се случија нерегуларни и насилнички избори, а за тоа има фото и видео докази
-
Ѓорчев: Исплашени од поразот, СДС и Заев прават беззаконие, со упадите во општините


