| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Вие одлучувате за националните приоритети и интереси, бидејќи во демократијата тоа е единствено ваш избор

Gruevski so Koal cijata za podobra makedonija(5) (Large)Од денес се јавува една нова светлина. Денес работите се променети. Дискусиите за одлуките повеќе не се помеѓу политичарите. Од денес дискусиите за судбината на нашата држава и нација ги водите вие. Од денес зборува народот на оваа држава.

Пред вашите домови, на вашите работни места, во кафетерии и ресторани, насекаде во вашите места, ќе разменувате идеи меѓу себе за тоа каква држава сакаме да имаме, и како ќе ја направиме подобро место за живеење за сите нас.

Вие одлучувате, вие одлучувате за националните приоритети и за националните интереси за државните интереси.

Бидејќи во демократијата тоа е единствено ваш избор.

Драги пријатели, со нетрпение чекам да се видиме, да ги слушнам вашите идеи и да ви ги кажам моите идеи за тоа како можеме нашата татковина која сите ја сакаме да продолжиме да ја движиме напред кон подобра иднина.

Со нетрпение го чекам моментот кога уште еднаш ќе докажеме, дека најмудрото нешто кое што може да го направиме за нашата држава, е да му дадеме на народот моќ да одлучува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top