Неименувано момче напишало на социјалната мрежа Фејсбук статус „Лепа Брена лепо гори“, поради што неколку дена подоцна завршил на информативен разговор во полиција, пренесуваат регионалните медиуми.
Него му пристигнала покана, а кога дошол во полициска станица, му било кажано дека неговиот статус на Фејсбук б спорен по што инспекторите му поставувале прашања дали ја познава пејачката и дали бил со неа во било каков контакт.
-Првично почна да се смее, мислеше дека е некоја шега, но потоа сфати дека работата е сериозна. Кажа дека не ја познава пејачката но и дека не ја мрази како и дека се што објавил било шега. Направен е записник и ќе биде востановено дали постои основа за покренување на пријава – изјавил неименуван извор од полицијата за српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.