В среда, на 20 јануари, на репрертоарот Театар Комедија е претставата „Господарот на кукавицата“ од Венко Андоновски, а во режија на Андреј Цветановски, која е бесплатна за средношколци.
„Слободен влез за средношколци во среда“ е новата одлука на Владата на Република Македонија, се вели во соопштението на Театар Комедија.
– Минатогодишната акција „Слободен влез во четверток“ продолжува и оваа година. Овој четврток (21.1.) , слободен влез за студенти за претставата „Нешто пропуштаме“ од Горјан Милошевски, во режија на Бојан Трифуновски и овој петок (22.1.) Театар Комедија ја спроведува акцијата „Слободен влез за постдипломци“ за претставата „Лисистрата“ од Аристофан, во режија на Наташа Поплавска – се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст