| четврток, 6 декември 2018 |

На Водици секогаш победуваме – нека продолжи традицијата

Македонските ракометари утре од 18.15 часот играат против селекцијата на Србија во третото коло од ЕП во Полска.

Традицијата покажува дека секогаш кога нашите ракометари играат на Водици, тие победуваат. На Водици пред четири години на ЕП во Србија, Македонија во клучниот натпревар за пласман во следната фаза ја совлада Чешка со 27.21 и ја оствари целта.

Исто на Водици во 2009 година, Македонија ја совлада Полска и си ги подотвори вратите на втората фаза од Светското првенство во Хрватска. Македонските ракометари тогаш го победија светскиот вицешампион со 30.29 во Вараждин, потоа продолжија во Задар и на крајот во Загреб го освоија 11. место.

Минатата година, на 19 јануари на Мундијалот во Катар успеавме да ја победиме селекцијата на БиХ со 25.22 и да стигнеме до пласман во следната фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top