| четврток, 6 декември 2018 |

Леонардо ди Каприо сака да го глуми Путин

Американскиот актер Леонардо ди Каприо не го крие воодушевувањето од рускиот претседател Владимир Путин. Тој го запознал Путин во 2010 година Санкт Петерсбур, на самитот за спасување на сибирските тигри.

– Би сакал да го глумам. Навистина е исклучително интересен маж и водач – изјави Ди Каприо за германскиот весник „Велт“. Инаку, бабата на Леонардо била Русинка, па честопати актерот го истакнува и своето руско потекло.

Леонардо ди Каприо во моментов е актуелен со филмот „Повратник“, за кој многумина веруваат дека конечно ќе го добие Оскарот за најдобар актер, по шест номинации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top