Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината. Научниците велат дека токму денеска луѓето се чувствуваат најосамени, финансиска состојба не е баш најдобра по новогодишните празници, а одлуката за новогодишната диета и држењето до зацртаниот режим на исхрана не одат по планот.
Исто така, студеното време многумина држат затворени во четирите ѕида, новогодишната магија помина, а летото изгледа далеку.
Овој ден во 2005 година го утврдил академикот Клиф Арнели, земајќи го предвид мнозинството фактори кои би можеле да не депримираат , како што што се состојбата на банковната сметка, времето, стапката на развод и слично, пишува хрватски Индекс..
Оттогаш истражувачите следеле милиони објави на Твитер и откриле дека на овој ден бројот на негативните коментари се зголемува за дури пет пати.
Јануари исто така е традиционалното време за разводи.
– Првиот понеделник кога децата се враќаат на училиште инаку е денот кога луѓето најчесто бараат развод на бракот. Најчесто тоа го одложуваат поради Божикните и новогодишните празници, а на почетокот на јануари се во метеж бидејќи се оптоварени со реализација на новогодишните одлуки, појаснува адвокатот Варнер Гудмен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст