Од почетокот на оваа година во Албанија се регистрирани 32 нови случаи на лица инфицирани со ХИВ вирусот, јави дописникот на МИА.
Сите случаи, како што потврди Мирјета Дервиши од Центарот за јавно здравје на Албанија, биле отркиени по извршените тестови врз доброволна основа. Според неа, меѓу ново заразените нема деца.
– Со ново регистрираните вкупната бројка на инфицирани изнесува 607 лица, иако бројот на заразени е далеку поголем. Од вкупниот број 28 се деца, изјави Дервиши, нагласувајќи дека најголем проблем во земјата е нискиот број на тестирања кои се вршат за откривање на ХИВ вирусот.
Според неа, и покрај тоа што тестирања може да се вршат во 12 околии во земјата, сепак најголемиот број тестови се вршат во Тирана.
Лани во Албанија беа регистрирани 72 нови случаи на инфицирани си ХИВ, од кои три деца, што беше за двапати повеќе во споредба со претходната година.
Поголемиот процент од вкупно инфицираните лица се од поголемите градови, како од Тирана и од Драч.
Првиот случај на СИДА во Албанија е регистриран во 1993 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За 31 година 400 Македонци се заразиле со ХИВ-вирус
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија


