| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственикот на „Јупитер“ тврди: Парите од петокот се уплатени!

По објавувањето на информацијата дека 80 патници се заглавени во Банско и не можат да се сместат, стапивме во контакт со сопственикот на туристичката агенција „Јупитер“, Бојан Јовановски кој ни изјави дека непријатната ситуација е надмината, патниците се сместени.

-Станува збор за 45 патници, наместо 80 колку што беа првично споменати, чие сместување доцнеше четири и пол часа поради тоа што во недела не можат да се видат банкарските трансакции. Парите беа уплатени уште во петокот и во 19 часот вечерва го надминавме проблемот. Нашиот водиш во моментот се наоѓал во друг хотел и не можел веднаш да интервенира за побргу да се среди проблемот. Нашите клиенти веќе ги добија услугите за кои имаат уплатено и истите ќе ги користат до среда до кога трае нивниот аранжман, вели Бојан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top