Ако се прашувавте кое е момчето што ја освои Цеца, сега ќе дознаете. Александар завршил Шеста белградска гимназија и тоа природно-математичка насока.

Студент е на Факултетот за економија, финансии и администрација и како што неколку пати истакна, има желба да дипломира. Ова момче се занимава со манекенство долги години. На белградската модна недела Александар своевремено беше прогласен за најдобар манекен на оваа манифестација.

Тој е еден од најбараните српски модели, а за многу модни брендови снимал и реклами. Омилена дел од гардеробата му се кожени виндјакни. Оние кои го познаваат велат дека Александар е духовите и харизматичен, еден од најпосакуваните ергени во Белград. На прашањето кои се негови примери, Јововиќ за магазинот „Wannabe“ одговорил:
-Што се однесува на светкста модна сцена, никако не би набројувал бидејќи списокот е долг, а кај нас тоа секако е Бошко Јаковлевиќ.

Вака тој го опиштува својот работен ден.
– Многу е напорно, постојано сум во движење и постојани брзам некаде. Покрај обврските врзани за ревиите, секако тука се и оние секојдневни обврски кои мора да се завршат во текот на денот. Лично повеќе сакам кога денот ми е динамичен, исполнет, па макар и со обврски отколку да го преспијам.

Според неговите фотографии на „Инстаграм“ сака да патува и да оди во теретана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


