| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Србија оди на предвремени парламентарни избори

Главниот одбор на најголемата партија во српската владина коалиција, Српска напредна партија (СНС) денеска реши да го поддржи предлогот на партискиот лидер и премиер на Србија, Александар Вучиќ за одржување предвремени парламентарни избори во земјата.

Како што јави Танјуг, Вучиќ во обраќањето на седницата нагласи дека решил да побара одржување предвремени парламентарни избори, со цел „да се разреши општествениот судир кој ги блокира реформите“ и затоа што сака со спроведување на реформите во 2020 година „да ја доведе Србија пред вратите на ЕУ како пристојна и уредена земја“.

– На Владата и е потребен цел мандат со цел до 2020 година да ги заврши започнатите реформи, кои ќе ја изведат Србија на добар и сигурен пат, потенцира Вучиќ.

Одлуката за одржување на предвремени избори на седницата на 505-члениот Главен одбор на СНС е донесена со акламација и

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top