Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов повторно ги повикува лидерите на политичките партии да покажат одговорност кон граѓаните на Република Македонија, кон нивните и интересите на државата и да стават крај на политичката криза која предолго не оптеретува. Политичкиот договор кој беше постигнат за таа цел има јасни рокови и обврски. Крајно време е доследно, без натамошно одолговлекување, да го спроведат политичкиот договор од Пржино.
Претседателот Иванов во писмена изјава за медиумите оценува дека е недозволиво несериозното однесување и немањето чувство за одговорност и државност. – Не може да се избегнуваат обврските од договорот, а со тоа да се доведе во прашање европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија, како и просперитетот на граѓаните на Република Македонија, смета Иванов.
Република Македонија, нашиот регион и Европа, како што додава, се соочуваат со сериозни предизвици. Она што најмалку ни е потребно денес е продлабочување на политичката криза.
Претседателот Иванов изразува благодарност за севкупниот ангажман на меѓународната заедница, особено на еврокомесарот Јоханес Хан со цел спроведување на политичкиот договор, и ја поздравува подготвеноста на ЕУ за обезбедување на целосна поддршка и гарантирање на слободни и фер избори.
– Граѓаните на Република Македонија им ја дале довербата на политичките партии, не за да бидат заложници на нивните интереси и заложници на политички блокади, туку затоа што очекуваат партиите свесно и совесно да работат во интерес на државата. Граѓаните на Република Македонија очекуваат резултати, одржливи решенија и крај на оваа политичка криза, вели претседателот Иванов во писмената изјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево