Групите поврзани со Исламската држава се шират побрзо од што се ширеа групите на Ал Каеда, предупреди поранешниот шеф на ЦИА по терористичкиот напад во Истанбул.
– Групите лојални на Исламската држава од ништо за само една година се проширија во дури 20 земји. Се шират побрзо од што се ширеше Ал Каеда, рече Мајкл Морел, поранешен шеф на ЦИА, обраќајќи се на Конгресот.
Морел ја изнесе својата загриженост еден ден откако џихадистите извршија самоуствен бомбашки напад во близина на Сината џамија убивајќи 10 луѓе.
– Спроведоа напади во кои веќе страдаа Американци и имаат потенцијал да заземат голема територија, додава тој.
Исламската држава претставува „значајна стратешка и смртоносна закана‟ по САД и другите држави, продолжи Морел, уште еднаш повикувајќи на уништување на групите со предупредување дека ИД не оперира само на својата освоена територија во Сирија и Ирак.
Поранешниот шеф на ЦИА порача и дека „групата ќе успее во своите намери‟ ако не им се застане на патот, додавајќи дека Либија може да стане нивно следно упориште.
– Либија е место каде тоа може да се случи во брза иднина, бидејќи таму веќе контролираат одделни делови од територијата. Моментно тие работат на ширење на таа територија, а странски борци почнуваат да одат во Либија да се борат на нивна страна. Не би се изненадил едно утро да се разбудиме, а Исламската држава веќе да заземе поголем дел од либиската територија. Еден вид блиц криг каков што видовме во Ирак, порача Морел.
Прашањето на повратниците џихадисти веќе некое време е проблем во Европа, додека стотици други продолжуваат да се приклучуваат на борците во Сирија или едноставно се радикализираат на сопствен терен. Неодамнешните напади во Париз се доказ за застрашувачки сценарија кои можат да се случат во Европа.
Докази за такво ширење можат да се најдат и во Русија, во северниот дел на Кавказот во регионот на Дагестан каде џихадистите преземаа одговорност за напад на групата туристи во текот на прославата за Нова година.
Претходно, во декември Александар Бортников, директор на руската Федерална безбедносна служба, ургираше да се пропишат поостри казни за сите кои се приклучуваат на терористичките групи, вклучувајќи ја и Исламската држава.
– Сметам дека е неопходно уште еднаш со пратениците да го анализираме постоечкиот закон и да направиме измени за да ја заостриме кривичната одговорност за учество во терористички активности, рече Бортников.
Наспроти тие предупредувања и наспроти основањеѕо на „работна група‟ за воена стратегија против ИД од страна на Обама, се чини дека американскиот претседател не обрна големо внимание на борбите по нападот на Париз во ноември.
Само по неколку дена од нападот на Париз, муслиманска двоја уби 14 луѓе во Сан Бернардино.
Врбување: „Мал Лондон во срцето на Калифатот‟
Во северниот дел на Сирија се наоѓа градот Манбиј во кој се наоѓаа само еден затвор и една мелница за жито. Меѓутоа, тоа се измени кога овој град го зазеде Исламската држава, а тој стана центар за регрутација на борци од целиот свет.
Пред се, таму најмногу се состануваат фанатици од Велика Британија и ги има толку што градот набрзо доби прекар „Мал Лондон‟. Околу половина час оддалечен од границата со Турција, Манбиј стана прва станица за борците кои стигнуваат од Европа и прва линија на фронтот во светата војна за исламскиот калифат, пишува хрватскиот весник Јутарњи лист.
Минатата година во Манбиј живееле околу стотици Британци. Се проценува дека од 2011 година дошле околу 700 од кои половината од нив подоцна се вратиле во Велика Британија.
– Тука на страната на ИД се борат луѓе од околу 30 различни националности, најмногу Британци, потоа Французи, Саудијци и Алжирци. Тука има најмногу Европејци во споредба со кој било друг град во Сирија, вели активистот кој живее во Манбиј и кој се претставил како Хусаин Хусаин.
Минатата недела еден од најмладите жители на Манбиј стана четиригодишниот Иса Даре, ѕвезда на џихадистичките пропагандни филмови во кои им се заканува на неверниците на Западот.
Џихад јуниор, како што го нарекоа некои британски медиуми, од југоистичен Лондон, тука го довела неговата мајка Кадиџа.
Кадиџа (24) од Христијанство преминала во Ислам, а потоа во ова место стигнала во 2012 година со својот сопруг, инаку Швеѓанец, Абу Бакр.
Во градот се воспоставени строги правила на кои мора да се придржуваат 150.000 жители. Жените мора да бидат целосно покриени, вклучувајќи го лицето и рацете и не смеат да се мешаат со мажи. Западната облека е забранета, како и музиката и пушење цигари.
Поранешен жител, кој се претставил како Али Ал Катиб, вели дека Манбиј бил еден од полибералните градови во Сирија, но дека денес луѓето воопшто не се слободни, туку живеат како робови.
– Странци дојдоа и го зазедо градот, ни одредуваат што смееме да зборуваме и да носиме, што да јадеме. Жените не се навикнати целосно да се покриени, но им се закануваат со насилство ако не се покорат. Британците се најбрутални, посведочи Ал Катиб.
Главниот организатор за париските напади Абделхамид Абауд, инаку роден во Белгија, исто така некое време минал во Манбиј, а еден од жителите вели дека таму го гледал и Џихадистот Џон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст