| четврток, 6 декември 2018 |

Москва и Дамаск потпишале договор за неограничено руско воено присуство во Сирија

­ Москва и Дамаск во август потпишаа договор со кој се одобрува руско воено присуство во Сирија без временско ограничување, соопшти денеска Кремљ.

ruska vojska

 

Договорот е потпишан во Дамаск на 26 август минатата година, повеќе од еден месец пред Русија да ја почне воздушната кампања против Исламска држава и другите терористички групи во Сирија на барање на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Според договорот Русија распореди воени авиони и војници во базата во Латакија. ­

– Договорот е склучен за да се одбрани суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста на Руската Федерација и Сириската Арапска Република, се наведува во потпишаниот документ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top