Секако, времето и технолошкиот развој придонесоа новиот модел на францускиот производител „Ситроен“ да плени со својот дизајн, кој е модерен, забавен и е целосно електричен.
Во соработка со новиот партнер, групацијата „Болоре“, „Ситроен“ ја потврдува својата желба да понуди сосема нов автомобил кој се карактеризира со свежина и со ведрина.
Неговиот претходник е концептот „кактус М“, а „Е-мехари“ пристигнува како сериски автомобил кој, сепак, повеќе се заснова на кабриолетот „блу самер“ на групацијата „Болоре“.

Испирацијата за надворешниот изглед ја задржа од „кактус М“ и потсетува на моделите на „Ситроен“ кои се во сериско производство. Инжинерите во францускиот гигант акцент ставија на предниот дел со карактеристични куќишта за светилки, но и со пластичните браници и со веќе добро познатите алуминиумски бандажи. Целата каросерија, впрочем, е направена од термофорирана пластика, материјал што го штити автомобилот од корозија и е доволно еластичен за да може да издржи и помали удари.
Овој кабриолет е конструиран со четири седишта од кои сите се електрично нагодливи. Деталите на каросеријата се впечатливи, меѓу кои и целата рамка на ветробранското стакло, која е изработена, секако, од пластика и е бојадисана во сребрена боја. Посебно забележителен е и склопувачкиот покрив.
При првото претставување, „Ситроен“ не ги откри деталите за внатрешноста, но седиштата можат да се нарачаат во крем и во портокалова боја. Моделот „Е-мехари“ има задна клупа која се преклопува и облоги од пластифицирана ткаенина, која е водоотпорна и која лесно се мие.

Моторот што го придвижува овој електричен автомобил располага со 68 коњски сили, а се снабдува со енергија од сува батерија која има моќност од 30 киловати на час. Тоа му овозможува на „Е-мехари“ да развие максимална брзина од 110 километри на час и да измине 200 километри во градски режим на работа, со едно полнење на батеријата. Откако батеријата ќе се испразни, целосно може да се наполни за осум часа, ако се користи 16-амперски приклучок, и за десет часа, ако биде приклучен на 10-амперска приклучница.
Производството ќе биде целосно француско во фабриките на групацијата „ПСА“, а на пазарот ќе се појави во првиот квартал на 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


